Мојсоска: Ќе купуваме нов владин авион зошто повеќе болат колената на премиерот отколку животот на граѓаните

Пратеничката од партијата Левица, Јована Мојсоска, на својот Facebook профил реагираше против најавите на Владата за купување на нов владин авион, нагласувајќи ја „катастрофалната состојба во македонското здравство каде луѓето умираат чекајќи термини за преглед“.

„Владата ќе купувала нов авион. Во земја каде се чека со месеци за преглед, затоа што нема медицински персонал и соодветна опрема, ниту пак има буџет за превентивни активности во борбата со карциномот, каде од раната детекција на болеста зависи животот на пациентот.

Ќе сме купувале нов владин авион во држава каде нема термини за пет-скен и магнетна резонанца. Стапката на смртност од рак на дојка во 2010 година била 30 на 100.000 жени – во 2023 година 37,5 на 100.000 жени.

Ќе сме купувале нов владин авион, затоа што повеќе болат коленцата на премиерот отколку смртноста од чекање за термин во руинираното здравство“, напиша пратеничката од редовите на Левица.

реклама

Македонија

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Read more

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Read more

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Read more

Девет пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осум се враќаат од странство

Read more
 

Вести

Три земјотреси ја погодија Грција во еден час

Читај повеќе

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Читај повеќе

Зеленски: Русија сега купува време, подготвува две големи офанзиви напролет

Читај повеќе

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Читај повеќе

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Читај повеќе

Девет пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осум се враќаат од странство

Читај повеќе

Девојка допирана по телото на автобуска постојка во Центар

Читај повеќе

Додик се огласи за потерницата: БиХ е промашена и пропадната земја

Читај повеќе

Сопругата на насилникот од Радовиш не сака да го гони, видеото било старо, МВР поднесе кривична

Читај повеќе