Авто новости

Моќен и тјуниран - Land Rover Defender

10. декември 2019 - 14:16 | М.С.

По нарачка на неименуваниот купувач, во познатата тјунинг компанија Overfinch го подготвија тјунираниот Defender кој го придвижува GM 6,2-литарски V8 мотор.

Во британската тјунинг компанија Overfinch се занимаваат со тјунирање на Land Rover уште од 1975 година.

Една од нивните најекстравагантни креации досега без сомнеж е уникатниот зелен Defender 90 со мек платнен покрив кој е направен по желбата на неименуваниот купувач.

Тјунираниот автомобил има само две профилирани Recaro седишта.

Просторот зад нив го зазема резервната гума и просторот за багаж кој е направен од дрво.

 

Просторот за возачот е обложен со комбинација од алуминиум и двобојна кожа.

Во Overfinch во автомобилот ставија General Motors 6,2-литарски V8 мотор кој располага со 450 коњски сили и 6 степен автоматски менувач.

Помоќен и од Land Rover Defender Works V8, Overfinch 6.2L развива електронски ограничени 180 км/ч. 

Коментирај