Авто новости

Моќниот Audi Q7 достапен и со plug-in хибриден погон

13. декември 2019 - 11:51 | М.С.

Зад ознаката TFSI е Quattro се крие моќниот Audi Q7 кој го покренува комбинација од трилитарскиот V6 мотор и електричен мотор.

Во Инглоштад за купувачите во Европа подготвија plug-in хибридна погонска комбинација за нивниот луксузен SUV Audi Q7, а автомобилот се нуди со две нивоа на моќност.

Послабиот модел го придвижува трилитарски турбо бензин V6 мотор на кој му асистира електричниот мотор интегриран во куќиштето на 8-степениот автоматски менувач.

Возачот може да смета на 381 коњски сили и 600 Nm максимален вртежен момент.

Капацитетот на батериите 17,3 kWh е доволен за големиот SUV да стигне од 0 до 100 км/ч. за 5,9 секунди без асистенција на моторот со внатрешно согорување и да помине нешто повеќе од 40 километри.

Помоќната верзија се крие зад ознаката Q7 60 TFSI e Quattro, а располага со 456 коњски сили и 700 Nm најголем вртежен момент што е доволно за забрзување од 0 до 100 km за 5,6 секунди.

Послабата верзија изнесува 74.800 евра, а помоќната верзија на Audi Q7 изнесува 89.500 евра.

Коментирај