Авто новости

Моќно и елегантно - Volkswagen го претстави новото R лого

7. октомври 2019 - 18:37 | А.С.

Помина еден месец откако Volkswagen го претстави благо изменетото лого, а сега ги претстави и другите редизајнирани ознаки.

Највозбудлива, секако, е ознаката R што сега е помодерна, поразлична и поелегантна од она што сме навикнати да го гледаме на Golf R и другите модели со високи перформанси како Scirocco R, Passat R36 и Touareg R50.

„Продолженото R лого креира поширок и помоќен впечаток и ја дефинира посветеноста на Volkswagen на перформансите и ексклузивноста“, соопшти Volkswagen.

VW моментално има два модели со R ознака во своето глобално портфолио, а тоа се Golf R и T-Roc R.

Golf R ќе добие нова генерација во 2020 година, T-Roc R се појави неодамна.

Има неофицијални информации за ширење на R понудата со моделите Arteon R и Touareg R.

Arteon R би можело да го добие новиот VR6 мотор со турбополнач и 400 коњски сили, но уште ништо не е официјално.

Коментирај