Моќна порака: Погледнете како ТВ водителка ги поддржа жртвите на сексуално насилство

Водителката Јелена Обучина ја започна завчерашната емисија „Преглед на денот“ на NewsmaxAdria на необичен начин - со тишина - и со тоа испрати моќна порака.

Имено, по „Добровечер“, Обучина замолкна и таа тишина траеше околу 15 секунди. Потоа, таа потсети на сите оние настани, неправди, лаги и измами за кои граѓаните на Србија молчеле, без да кренат глас. Меѓу најновите е случајот со младата актерка Милена Радуловиќ, која храбро истапи и со нејзиното сведоштво откри дека нејзиниот професор по глума Мирослав Мика Алексиќ ја силувал кога имала само 17 години.

„Непријатно е, но ние сме навикнати да молчиме, кога ни доцнат платите, кога носиме пелени поради 300 евра, кога фотографираме гласачки ливчиња, кога пилотите се прогласуваат за алкохоличари, кога немаме вода за пиење, кога ни ги трујат реките, кога во болниците нема место , кога нè тепаат на протести, кога други викаат по таткото на загинатиот работник, кога на Јутка му аплаудираат, кога целосни идиоти рушат дел од градот, кога тетката испраќа пари од Канада, кога бакљи горат на покривите додека сме заклучени, кога Обрадовиќ го сатанизираат, кога Јовањица процвета, кога исчезнува видеото од наплатната рампа и од Косовска Митровица, кога нѐ лажат за кoроната, кога нѐ караат со соседите.

Ние молчиме кога не треба. И, затоа никогаш повеќе не ги прашувајте жртвите зошто молчеле? Немате право, туку поддржете ги да зборуваат кога и да бидат подготвени за тоа“, рече Јелена Обучина во воведот на емисијата „Преглед на денот “на NewsmaxAdria.

URL

Во интервју за хрватската N1, Обучина го образложува дополнително ваквиот пристап.

„Регионот го мачат истите маки, тоа е јасно. Сите молчиме за работи за кои не смееме да молчиме. Така нè учат, така и се однесуваме. ‘Ќути за да се замериш’, ‘Ќути, некој ќе те слушне’... тоа е шема што нè чини нормален живот“, вели Обучина која со нејзиниот монолог ја возбуди јавноста не само во Србија, туку и во околината.

На прашањето дали е изненадена од одекот на нејзината порака, Обучина одговара „и да и не“.

„Очекувавме реакции, но не со ваков интензитет. Се јавуваа луѓе од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора... И сите реагираа на примерниот молк. Не им беше пријатно. Во тоа, сметам дека лежи надежта за нашите општества“, убедена е Обучина.

„Како да доловите молчење на телевизија? Па, со молчење“, заклучува Обучина.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе