Моќта на новинарството: Победниците на World Press Photo 2020

Фотографија од минатогодишниот протест во Судан е победник на престижниот фотонатпревар World Press Photo.

Фотографијата „Straight Voice“ е направена од Јапонецот Јасујоши Чиба, фотограф на AFP. Победничката фотографија прикажува демонстратор кој рецитира поезија за време на демонстрации против диктаторот Омар ал-Башир, опкружен од група демонстранти додека го осветлуваат со светла од телефонските уреди.

Според жирито, поетичната фотографија на Чиба ја покажува моќта на младите и на уметноста, пренесе BBC. Токму затоа е прогласена за фотографија на годината, бидејќи ги инспирира луѓето во небезбедни времиња.

Победничката фотографија во категоријата Spot News е направена од Мулугет Ајен од Етиопија и е серија фотографии од авионска несреќа што се случи на 10 март 2019 година при полетување од Адис Абаба, при што починаа 157 луѓе. фотографијата е направена неколку дена по несреќата и прикажува роднини во жалост на починат во несреќата.

Третата победничка фотографија е судирот меѓу полицијата и антивладини демонстранти, направена од Фарук Батиче во Алжир.

Фотографијата од Томек Казор прикажува 15-годишна Ерменка по име Ева која се буди од состојба позната како синдром на резигнација. Овој феномен ги погодува пред сè, децата бегалци. Тие деца, чекајќи азил, занемуваат, стануваат пасивни и одбиваат храна. Штом ситуацијата се промени тие постепено се враќаат во живот.

Повредениот курдски борец кој е лекуван во болница и има посета од девојката која го трга погледот од неговите повреди  е фотографија направена од Ивор Прикет. 18-годишниот Ахмед Ибрахим е фотографиран во болница во Хасакех на 20 октомври минатата година.

Саемот на оружје во Абу Даби е еден од најголемите изложбени салони на воена опрема. На фотографијата се гледа трговец на оружје како се подготвува да претстави проектил од минофрлач. Рускиот фотограф Никита Терјошин ја овековечи оваа сцена и ја доби првата награда во категоријата Современа историја.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Фото

Нова ера во развојот на фотосензори за смартфони

Read more

11 најдобри фотографии од дивиот свет за 2022 година

Read more

Победниците на Nature Photographer Of The Year

Read more

Фотографија на Роберт Ирвин победи на Wildlife Photographer of the Year

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Relativity Space лансираше 3D печатена ракета, но не стигна во орбитата

Читај повеќе

Што да направите ако го изгубите или ви го украдат телефонот?

Читај повеќе

Колку би можело да чини iPhone 15?

Читај повеќе

Instagram смета дека нема доволно реклами, ќе ги праќа во нотификации

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекувано светлосно шоу на небото над Калифорнија

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 артефакти во музејот Метрополитен поврзани со шверцери и крадци

Читај повеќе

Со години беше мит и легенда: Мачколисицата потврдена за посебен вид

Читај повеќе

Се гаси уште еден пиратски сајт за симнување

Читај повеќе

Дали животот на Земјата има вонземско потекло?

Читај повеќе