Молдавија од Западот побара системи за противвоздушна одбрана

Министерот за одбрана на Молдавија, Анатолие Носатиј, изјави дека земјата побарала од западните партнери системи за противвоздушна одбрана, спротивно на досегашната политика да не купува смртоносно оружје од Запад.

Носатиј, кој минатата недела присуствуваше на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во американската база Рамштајн во Германија, за Радио Слободна Европа изјави дека шансите на Молдавија да добие такво одбранбено оружје се мали во време кога главен приоритет на западните сојузници е испорака на оружје за Украина.

Сепак, тој додаде дека „во тек“ се разговорите на Молдавија со западните земји за испорака на системи за противвоздушна одбрана.

Молдавија го промени ставот за набавка на западно оружје откако неколку руски ракети паднаа на нејзина територија, во близина на границата со Украина, и беа соборени од украинските сили. Руските ракети лансирани од Црното Море кон цели во Западна Украина, исто така, често пати летаат над североисточните делови на Молдавија.

„Војната во Украина покажа дека статусот на неутралност на Молдавија и дискусиите за демилитаризација на Молдавија повеќе не се веќе актуелни“, изјави Носатиј за РСЕ.

Украинските власти постојано предупредуваа дека Русија може да го искористи молдавскиот регион Придњестровје, кој еднострано прогласи независност во 1990 година, за воени операции против Украина или Молдавија. Во Приднестровје, област што граничи со Украина, сè уште има стотици руски војници распоредени пред падот на комунизмот, и покрај приговорите на Кишињев.

Тагови
реклама

Цвеќе кое е одлично против мувла, го чисти и воздухот, го препорачува и НАСА

Read more

Нов готвачки гаф на Бруклин Бекам - ги расипа лазањите

Read more

Нов тренд полека ја заменува порнографијата: Аудио еротика

Read more

Камерите ги побија зборовите на Алвес - Шпанците детално го опишаа силувањето

Read more

Свет

Единаесет загинати и исто толку повредени во ракетниот напад во Украина

Read more

„Најопасната жена во Европа“ значително „омекна“ во првите 100 дена на власт

Read more

'Ндрангета на удар: Уапсени 56 мафијаши, конфискуван имот вреден 250 милиони евра

Read more

Непроспиена ноќ во Украина – Русите извршија масовен напад

Read more
 

Вести

Приведени пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка од Велес и снимале порнографски материјал

Читај повеќе

Спасовски: Апелирам да не се блокираат патишта, на мирно и достоинствено чествување

Читај повеќе

Два вагони-цистерни со фосфорна киселина се излизгаа во Зајечар

Читај повеќе

Снег паѓа речиси низ цела земја, на Шапка најмногу наврна - 83 сантиметри

Читај повеќе

Се самоуби велешанец кој тешко повреди девојка, таа се бори за живот на Клинички

Читај повеќе

Облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег

Читај повеќе

Ковачевски: Нема да има ценовен шок до крајот на 2023 година

Читај повеќе

Единаесет загинати и исто толку повредени во ракетниот напад во Украина

Читај повеќе

Ќе се реконструираат сите споменици од НОБ

Читај повеќе