Делчево, 9 април 2019 (МИА) – Безживотно тело на момче утрово околу 9:45 било пронајдено во вила во село Ѕвегор, Делчевско.
Телото било пронајдено од Итната медицинска помош која по телефонски повик се упатила на местото на настанот и го пронашла веќе мртвото момче. Лекарите веднаш констатирале смрт.
Десет минути по екипата на Итната медицинска помош пристигнале двајца инспектори и јавен обинител. Подоцна е утврдено дека се работи за лицето со иницијали А.З.
Од полицијата најавија дополнителни информации за трагичниот настан.