Полицијата го уапси 21-годишниот М.Т. од Кондово кој признал дека 11 јули годинава го убил 57-годишниот скопјанец М.М. во близина на селото Кондово.
Убиецот бил приведен вчера, во 23 часот, во Полициската станица во Ѓорче Петров. Тој пред полициските службеници го признал убиството на скопјанецот кој изминативе денови се водел како исчезнат.
Полицијата по полноќ изврши проверка на местото каде што тој посочил дека се случило убиството. Притоа, во близина на селото Кондово било пронајдено телото на убиениот скопјанец. На местото на настанот извршен е увид во присуство на јавен обвинител, соопшти МВР.