Момчето кое го тужи Кевин Спејси тврди дека има видео од сексуалниот напад

Младиот Вилијам Литл, кој го обвини Кевин Спејси дека сексуално го нападнал во 2016 година, тврди дека снимил дел од инцидентот. Оскаровецот Спејси поради овој случај ќе се појави пред судот на 7 јануари.

Доколку судот го прогласи Кевин Спејси за виновен, тогаш актерот би можел да се соочи со затворска казна во траење до пет години.

Литл, кој имал 18 години кога се случил инцидентот во јули 2016 година, вели дека испратил текстуални и видео пораки до неговата девојка преку Snapchat, кои тој тврди дека ја објаснуваат ситуацијата со Кевин Спејси, а вели дека снимил и дел од инцидентот за кој го обвинува актерот.

Тој останал на неговото работно место во локален клуб подоцна од неговата смена за да се сретне со Спејси, бидејќи бил негов голем фан и сакал да го запознае. Откако се запознал со актерот и го излажал дека има 23 години (бидејќи легалната возраст за консумација на алкохол е 21 година), Литл нарачал пиво, а потоа продолжил да пие виски заедно со Спејси.

Според неговото сведочење, актерот го поканил кај него дома, заедно со уште неколку негови пријатели. Младиот Вилијам одбил, сомневајќи се дека актерот сакал да го заведе, но и понатаму останал во барот надевајќи се дека ќе добие шанса да се слика со популарниот Кевин Спејси.

Сведочењето на Литл вели дека тој инсистирал да се слика со Кевин Спејси, но актерот му рекол дека ќе му дозволи да се сликаат само доколку го придружува до неговиот дом, по што почнал да го допира за меѓуножјето. Литл станал и си заминал од клубот каде што се случил инцидентот и кога се вратил утредента веднаш му соопштил на сопственикот што се случило.

Против Кевин Спејси веќе се води еден случај за сексуало искористување на малолетник, кој датира од 1986 година, во самите почетоци на неговата актерска кариера.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Филм & ТВ

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе