Многу мажи се плашат од стареење, но 35-годишниот Павел Лаџиак од Варшава потроши богатство за да го промени личниот изглед и да изгледа постаро.
Работи како тренер, а понекогаш луѓето мислат дека е пензионер. Целиот негов труд да ја „измами“ природата е споделена на Instagram. Обожавателите честопати го прашуваат за неговата возраст, а некои мислат дека има 60 години, пишува Daily Mail.
Неговата сопруга Магда нема ништо против трансформираниот изглед на сопругот. Павел, познат на интернет како „Полскиот Викинг“, започнал да вежба на 16 години. Денес има повеќе од 340.000 следбеници на Instagram, кои ги забавува со фотографии од неговите интензивни тренинзи.