Фудбал

Момчето на кое Роналдо му го промени животот потпиша за Спортинг Лисабон

13. март 2018 - 18:34 | М.Д.

Момче од Индонезија по имe Мартунис го преживеа третиот најсилен земјотрес некогаш забележан, а потоа му се случија работи кои никогаш не ги очекувал.

На 26 декември 2004 година во западниот брег на Индонезија се случи земјотрес со јачина од 9,1 степени по Рихтеровата скала, предизвикувајќи серија на цунами во целиот индински океан од Суматра до Сомалија.

Настрадаа повеќе од 230.000 луѓе, а ова мало момче се наоѓаше меѓу преживеаните.

Помина 21 ден сам пред да го пронајдат телевизиски репортери. Ја загубил мајката и двајцата браќа, но некако успеал да го зачува животот. Тој трагичен ден го носел дресот на португалската репрезентација, кој му го променил животот.

„Не се плашев. Сакав да живеам, да го видам семејството и да станам фудбалер“, изјави Мартунис после трагедијата.

Веста бргу стигна и до Португалците кои веднаш реагираа и собираа парични средства за обновување на куќата на Мартунис.

Но, не се заврши на тоа, една година подоцна, Кристијано Роналдо дојде во селото на момчето, му плати школување и потоа го исполни неговиот сон – го запиша во школата за фудбал на Спортинг Лисабон.

Роналдо, на тој начин, му понуди прилика на Мартунис да заигра фудбал во Европа и како што времето одминуваше, тој го покажувал својот талент од ден во ден се повеќе и повеќе, за сега и официјално да стане дел од селекцијата до 19 години.

 

 

Коментирај