Реал Мадрид ја победи Барселона во саботното Ел Класико, а веќе во среда го игра реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул.
Во Мадрид, шпанскиот шампион победи со 3:1 и тој натпревар се одигра пред седум дена.
Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, се пожали по Ел Класико дека неговите играчи се уморни, нагласувајќи дека ситуацијата е алармантна.
На оваа тема се надоврза и Ел Чирингито, кој пишува дека играчите на Реал го достигнале физичкиот лимит. За време на тренинг прават само вежби за опоравување и работат со физиотерапевти за да бидат што е можно поподготвени за следниот натпревар. Зидан не бара од играчите посебни вежби и не ги троши на други работи, поважно му е да бидат што поподготвени на терен.
За потсетување, по натпреварот со Барса Зидан изјави:
„Имаме проблеми со физичката подготвеност и тешко ги завршуваме натпреварите, немаме сила. До крајот на сезоната ќе ни бидат потребни сите достапни играчи, не можеме веќе да изгубиме никого. Не знам како ќе истраеме до крај“.
Реал ќе игра против Ливерпул во среда од 21 часот. Во недела, тимот на Зидан ќе игра против Хетафе.