Моментот кога авион удира во закотвен брод
Пред неколку дена на југот на Франција се одигра несекојдневна сцена – авион за малку ќе се забиеше во брод.
Два авиони за гаснење пожари се спуштија на реката Рони за да ги наполнат резервоарите со вода, но пилотот на едниот од нив изгледа дека не процени доволно добро колку простор ќе му треба за да полета па со левото крило удри во еден столб на бродот кој беше закотвен таму.
За среќа, во оваа ситуација немаше повредени луѓе.