Чек дис аут

Моментот кога Доналд Трамп ќе ви се појави на свадба

22. јули 2019 - 9:40 | А.С.

Американците Пи Џеј Монгрели и Никол Мари Перози се големи симпатизери на претседателот Доналд Трамп.

Додека двајцата ја планирале свадбата, невестата неколку пати му испратила покана на Трамп, заедно со фотодокази дека неколку пати се има сретнато со претседателот на митинзи и забави.

Двојката од Стетон Ајленд наводно се свршила во 2017 година во Националниот голф клуб Трамо во Бедминстер, Њу Џерси.

Свадбата се одржа во саботата во салата за свечености на истата локација што беше украсена со транспаренти „Трамп 2020“.

Младоженците и гостите носеа капчиња „MAGA“ (Make America Great Again) и кога Трамп лично се појави во салата, настана општ делириум.

Секако, младоженецот и невестата беа најсреќни и гордо позираа со Трамп.

Невестата доби и бакнеж од претседателот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Congratulations Nicole and PJ #trump2020keepamericagreat @foxnews

A post shared by SND321 (@snd321) on

Коментирај