Ф1

Моментот кога Фернандо Алонсо се заби во ѕид за време на тренинг

16. мај 2019 - 12:39 | Б.С.Б.

Легендарниот возач Фернандо Алонсо се заби во ѕид за време на тренингот пред трката Indy 500, откако загуби контрола над болидот. За среќа, ударот не беше директен.

Оваа несреќа можеше да има катастрофални последици, но мина без потешки повреди за Алонсо, кој успеа да излезе од скршениот болид и итно да биде пренесен во болница.

Откако докторите детално го прегледаа, соопштија дека не се здобил со тешки повреди, а во изјава за медиумите искрено рече дека е самиот виновен за несреќата, поради сторена грешка.

 

Коментирај