Новак Ѓоковиќ е во Торино каде играше на завршниот Мастер на сезоната.
Вчера го посети Златан Ибрахимовиќ, кој го искористи престојот на Новак во Италија за посета.
Двајцата се големи пријатели, а Ѓоковиќ е голем фан на Милан, каде игра Ибрахимовиќ. Дружењето не можеше да помине без песна, па Ноле му ја запеа на Златан омилената песна „Јутро је“ на Нада Топчагиќ.
Снимката набрзо стана хит на интернет.
„Кога волкот ќе сретне лав“, е описот на објавата на официјалниот Twitter на ATP Tour.