Моментот кога Синиот дух ја поздравува Земјата

Американската вселенска агенција НАСА објави фотографија и видео од планетата Земја од вселената, што е снимено со вселенското летало Blue Ghost (Син дух) кое неодамна беше лансирано кон Месечината.

Мисијата Blue Ghost вчера го изведе вториот орбитален маневар со кој се менува правецот на самото летало и се насочува кон Месечината.

„Firefly ја сними убавината на нашата матична планета за време на уште едно нурнување во орбитата на Земјата. Ова второ согорување на моторот (и прво критично согорување) ја постави траекторијата на Blue Ghost“, рекоа од мисијата.

Оваа мисија беше лансирана на 15 јануари од Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида, а беше лансирана со ракета Falcon 9 на SpaceX.

Кога мисијата ќе пристигне на Месечината, која е закажана за 2 март, инструментите ќе ја тестираат технологијата за дупчење на Месечината, способноста за собирање примероци од месечеви карпи и почва и методи за ублажување на месечевата прашина.

„НАСА го води светот во истражувањето на вселената, а американските компании се клучен дел за враќањето на човештвото на Месечината. Научивме многу лекции за време на ерата на Apollo кои ги информираа нашите технолошки и научни достигнувања“, соопшти НАСА.

Како дел од современите активности на НАСА за истражување на Месечината, испораката на научни инструменти ќе му помогне на човештвото подобро да ги разбере планетарните процеси и еволуцијата, да бара вода и други ресурси и да поддржи долгорочно, одржливо истражување на Месечината во подготовка за мисија која ќе вклучува испраќање луѓе до Марс.

реклама

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Вести

ChatGPT доби голема бесплатна надградба

Read more

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Read more

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Read more

DJI го претставува дронот Mavic 4 Pro со подобри камери и поголем дострел

Read more
 

Гик

Најдобрите Android телефони за 2025

Читај повеќе

ChatGPT доби голема бесплатна надградба

Читај повеќе

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Читај повеќе

Android 16 е значително побезбеден и поотпорен на измами

Читај повеќе

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе

Што ја „цица“ батеријата на вашиот телефон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Авантуристичката игрица Marvel 1943: Rise of Hydra одложена за 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

DJI го претставува дронот Mavic 4 Pro со подобри камери и поголем дострел

Читај повеќе