Американската крајбрежна стража објави драматична снимка од моментот кога специјалец скока врз нарко-подморница која превезува скоро 8.000 килограми кокаин, пренесува CNN.
Пратката е испратена со подморница, а вреди 232 милиони долари. Од снимката се гледа како специјалецот скока врз подморницата откако таа нема да застане на повиците на стражата. За кратко време специјалецот успева да го крене поклопот и се гледаат рацете на еден од криумчарите.
Во нарко-подморницата се пронајдени 7.711 килограми кокаин и петмина осомничени.