МОН бара мислење од родителите, наставниците и учениците дали да се укине пролетниот распуст

МОН ќе ја консултира јавноста и наставниците за организирање на пролетен распуст во учебната 2024-2025 година.

Министерството за образование и наука информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните училишта и на средните училишта во учебната 2024-2025 година и за успешно заокружување на процесот, од голема важност, како што велат, е мислењето на пошироката јавност околу тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст.

„Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024-2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а истиот е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели – да го дадат своето лично мислење“, се посочува во информацијата.

Информираат дека со организација на пролетен распуст, наставната година во учебната 2024-2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година. Доколку, пак, се одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни 2025 година.

реклама

Македонија

Сериозна загриженост за независноста на судството во С. Македонија во извештајот на Европската комисија

Read more

Владата: Државна лотарија незаконски доделувала лиценци за приредување на игри на среќа

Read more

Владата донесе одлука за вработување на 600 специјализанти во болниците

Read more

Тошковски: Ова што се случува во затворите е срам за Македонија, не може затвореник што наводно е во затвор да предизвика сообраќајка

Read more
 

Вести

Сериозна загриженост за независноста на судството во С. Македонија во извештајот на Европската комисија

Читај повеќе

Грција бележи голем пораст на бројот на заразени од ковид, некои држави издадоа итно предупредување до туристите

Читај повеќе

Владата: Државна лотарија незаконски доделувала лиценци за приредување на игри на среќа

Читај повеќе

Гостиварец ја фрлил мачката од VI кат и ја усмртил, кога полицијата му влегла дома нашла остатоци од други животни

Читај повеќе

Со автомобил удрил во малолетник во Скопје, па го однел детето на Комплексот клиники

Читај повеќе

Владата донесе одлука за вработување на 600 специјализанти во болниците

Читај повеќе

Тошковски: Ова што се случува во затворите е срам за Македонија, не може затвореник што наводно е во затвор да предизвика сообраќајка

Читај повеќе

Сомнеж за експлозив во близина на стадионот, блокирани улиците на Париз

Читај повеќе

Балон со ѓубре од Северна Кореја слета на претседателскиот комплекс во Сеул

Читај повеќе