МОН: Нема да дозволиме ниеден ученик да остане на улица

Скопје, 20 јуни 2019 (МИА) – Директорот на гимназијата  „Орце Николов“ Митко Димовски по вонредната средба во МОН и донесената одлука утре да нема квалификациски тест т.е. приемен испит, изјави дека во деветте паралелки во прва година ќе бидат распределени спорните 26 ученици со просечен успех 5.0 кои го надминуваат планираниот број (285) со конкурсот.

-Имавме конструктивен разговор со родителите и потоа се упативме во Министерството за образование и наука. Министерот нè повика на разговор, му ја објаснивме целата ситуација и дојде до ова решение. Значи, сите 311 ученици, односно со 5.0 просек, ќе бидат примени. Дефинитивно утре тестови ќе нема, а квалификациските за билингвалините паралелки се во понеделник,  рече Димовски.

Средбата и уваженото барање на родителите ги потврди и МОН кое  соопшти дека министерот ги ислушал родителите и им кажал дека согласно со нивниот одличен успех ќе им ја почитуваат желбата и дека, како што е наведено, „нема да дозволи ниедно дете да остане на улица“.

– По направените консултации министерот ги извести родителите дека тој како одговорно лице за образованието во Република Северна Македонија нема да дозволи „ниедно дете да остане на улица“ и затоа дозволи сите пријавени ученици со 75 бода да бидат запишани во СУГС „Орце Николов“. Сето ова е во насока на учениците да им се овозможи согласно нивниот одличен успех постигнат во основното образование да го продолжат средното образование во училиштето кое што го избрале, информираше МОН.

Во текот на денов одлука да нема тестирање утре се очекува да биде донесена и за медицинското „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје и за „Димитар Влахов“  (насока медицинска сестра) во Струмица, каде што бројот на пријавени е, исто така, надминат, неофицијално за околу пет кандидати. Училиштата треба да достават до МОН точен број на ученици и барање за нивно распределување во паралелките за Министерството да може да  донесе одлука утре да не се спроведе квалификацискиот тест. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more
 

Вести

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе