Фудбал

Монако го отпушти Жардим, најверојатно ќе го наследи Тиери Анри

11. октомври 2018 - 14:23 | МИА

Монако, 11 октомври 2018 (МИА) – Францускиот фудбалски клуб Монако му додели отказ на 44-годишниот тренер Леонардо Жардим. Тој го предводеше клубот од 2014 година.

Монако по деветте круга на шампионатот на Франција е на 18. место со само една победа и три нерешени исходи. На последните три натпревари поранешниот француски шампион доживеа порази.

Жардим го предводеше Монако на 232 натпревари, оствари 125 победи, 52 нерешени и 55 порази.

Главен претендент за наследник на Жардим на клупата на Монако е Тиери Анри, кој изминатиот период одби да седне на клупата на Астон Вила.

Коментирај