Монако се шири кон морето, копнената територија ќе ја порасне за 6 хектари

Макфакс/Кајгана
/ 21.11.2023 / 11:24

Проектот наречен Mareterra - Monaco sur mer (Маретера - Монако на море), кој ќе додаде уште 6 хектари на градот-држава Монако на Медитеранот, ќе биде завршен за една година, 8 месеци пред договорениот рок, соопшти синоќа компанијата Anse du Portier, промотор на проектот вреден 2 милијарди евра.

Малото кнежевство со вкупна површина од 2,03 км² и население од 39.000 веќе се прошири за 40 хектари кон морето во 50-тите, но последниот проект започнат во 2015 година е неспоредлив, дури и кога се споредува со зградите на Блискиот Исток, благодарение на строгите сеизмички и еколошки прописи, а исто така и поради длабочината.

Идниот луксузен кварт ќе се гради буквално „на море“, поточно на подводен насип длабок 50 метри. Се наоѓа веднаш до Грималди форумот, конгресниот центар во Монако и вклучува 5 згради, вкупно 130 станбени единици и 10 вили.

Луксузниот станбен комплекс го дизајнираа италијанскиот архитект Ренцо Пјано и компанијата Vallode et Pistre. Досега се продадени речиси сите станбени единици. AFP пишува дека цената на квадрат во Монако може да биде и до 120.000 евра.

Допрва треба да се доизградат градините кои ќе се раззеленуваат, а населбата ќе има шеталиште покрај море, мало пристаниште и парк достапен за секого. „Маретера е исклучително достигнување за Монако“, рече Ги-Тома Леви-Сусан, директор на Anse du Portier.

„Затоа, можам да кажам дека морето е нов терен за освојување, но не смееме да го уништиме“, рече тој и додаде дека се надева дека со овој проект ќе може да покаже „дека тоа е можно“ и дека ќе се унапредат „размислувањата и добрите практики во овој домен“.

Леви-Сусан посочува дека во новоизградената станбена зона, која ќе се наоѓа помеѓу два подводни природни резервати, на карпи и вештачки гребени се пресоздадени нови живеалишта за флората и фауната.

Remote video URL

Не е првпат Монако да се шири кон морето за да ја зголеми својата мала територија. Тоа го има направено и претходно во неколку наврати.

Тагови
реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Младата Месечина во Бик ќе донесе остварување на соништата за 3 хороскопски знаци

Read more

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Read more

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Read more

Свет

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Read more

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Read more

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Read more

Топ 10 аеродроми најголеми загадувачи во светот

Read more
 

Вести

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Читај повеќе

Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Читај повеќе

Следува период на нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Читај повеќе

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Читај повеќе

Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства на жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Од 13 анализирани пациенти, кај 9 се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

Читај повеќе

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Уапсени двете лица што украдоа велосипед пред теретана во Скопје, следува кривична пријава

Читај повеќе

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром

Читај повеќе