Моника Белучи за стареењето: Не сум опседната со изгледот и годините

На 57 години, Моника Белучи не се плаши од стареење, туку рече дека го прифаќа овој неизбежен процес.

 

Моника Белучи е ѕвезда на насловната страница на неодамнешното издание на The Sunday Times Style, за кое зборуваше за стареењето, одржувањето на изгледот, но и прифаќањето на сопствените години.

„Има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да стареат на поинаков начин“, рече таа во новото интервју за Sunday Times Style.

Коментирајќи го својот изглед, таа откри дека избегнува ригорозни тренинзи и строги диети, наместо тоа преферира вино и тестенини и повремени пилатес сесии. Сепак, малку „вежба“ и следи диети, но само кога треба и во разумни граници.

„Не сум опседната. Отсекогаш сум била жена со облини, никогаш премногу слаба, таква е мојата природа. И сакам да остарам на мирен начин“, рече таа.

„Кога имаш 50 или 60 години, ги немаш истите потреби како кога имаш 20 години. Годините ни даваат поинаква перспектива“, објаснува Белучи.

Коментирајќи го своето искуство како 50-годишна „Бонд девојка“ во Spectre, италијанската актерка истакна дека нејзиниот кастинг означува „голема промена“, додавајќи дека „има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да стареат на поинаков начин.“

Таа рече дека „кога сме млади имаме ѓаволска убавина, што е сосема природно“, но дека животот продолжува и дека треба да се справиме со староста.

Белучи зборуваше и за ќерките и за односот со поранешниот сопруг Венсан Касел, од кој се разведе во 2013 година, а оттогаш поранешната двојка го најде ритамот на заедничко родителство.

„Ние сме одвоени долго време, но во исто време кога сте родител, вие сте родители доживотно“, рече Белучи.

Како мајка која доживеала тешки аспекти на славата, Белучи рече дека не сака да ги учи своите ќерки да бидат во постојан конфликт со мажите. На крајот актерката изјави дека е благодарна што како тинејџерка не почнала да работи во филмската индустрија, но и дека тоа е „прашање на среќа“.

реклама

Русија го враќа ударот: Ќе носи војска на Куба и во Латинска Америка

Read more

Најпривлечната фудбалерка во светот ја потврди врската со Даглас Луис

Read more

Пукање во Украина: Војник со „калашников“ уби 5 чувари во воена фабрика

Read more

Најочигледниот знак дека ви треба повеќе витамин Д

Read more

Филм & ТВ

Двејн Џонсон ја сподели животната филозофија за неговиот успех

Read more

Меколи Калкин ја запроси Бренда Сонг со импозантен дијамантски прстен

Read more

Официјален трејлер за комичната крими серија „Murderville“

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Двејн Џонсон ја сподели животната филозофија за неговиот успех

Читај повеќе

Spotify го одбра контроверзниот Џо Роган, ќе ја отстрани музиката на Нил Јанг

Читај повеќе

Меколи Калкин ја запроси Бренда Сонг со импозантен дијамантски прстен

Читај повеќе
  • play_arrow

Алиша Кис: Требаше да завршам како проститутка, а не како музичка икона

Читај повеќе

Елтон Џон заразен со корона, ја откажа турнејата

Читај повеќе
  • play_arrow

Цетински на роденденот на Тоше: Запејте ја пак „Јесен у мени“ со Аки

Читај повеќе

Најмудрите мисли на Тоше Проески за љубовта и животот

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за комичната крими серија „Murderville“

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе