Мононуклеоза во тинејџерските години може да биде предизвикувач на мултипла склероза

Првото дефинирање на мултипла склероза (МС) беше направено во 1868 година и во почетокот, експертите не знаеја точно кои фактори влијаат на појавата на оваа болест. Сега е познато дека гените играат голема улога во сето ова, односно дека постои поголем ризик за развој на мултипла склероза доколку некој од членовите на семејството веќе ја имал болеста.

Епидемиологот Скот Монтгомери од Универзитетскиот колеџ во Лондон и неговите колеги неодамна спроведоа истражување кое покажа дека појавата на МС по дваесетгодишна возраст е поврзана со неколку видови инфекции за време на адолесценцијата. Треба да се напомене дека во студијата не се истражуваше дали луѓето со генетска предиспозиција да развијат мултипла склероза и имаат и предиспозиција за повеќе инфекции.

Мононуклеоза или „болест на бакнувањето“

Според истражувањето Association of Infectious Mononucleosis in Childhood and Adolescence With Risk for a Subsequent Multiple Sclerosis Diagnosis Among Siblings, мононуклеозата, позната и како болест на бакнувањето, може да биде фактор на ризик за подоцнежна појава на МС во адолесценција.

Научниците претходно сугерираа дека инфекциите како мононуклеоза може да бидат поизразени кај луѓе кои се склони кон развој на мултипла склероза, бидејќи нивниот имунолошки систем е различен. Но, друго објаснување, она со кое се занимава оваа студија, е дека самата инфекција може да биде предизвикувач на МС.

За да се утврди дали инфекциите се фактор на ризик за МС, експертите ја анализираа медицинската историја на браќата и сестрите, имајќи предвид дека тие споделуваат голем дел од генетскиот материјал и имаат сличен семеен живот.

Тие тргнаа од претпоставката дека ако едниот од браќата и сестрите заболи од мононуклеоза, а подоцна развие мултипла склероза, додека другиот не заболува од болеста и не развива МС, тоа би значело дека мононуклеозата, а не одредена генетска предиспозиција, била онаа предизвика појава на МС. Од друга страна, ако само еден од браќата и сестрите добил мононуклеоза, и двајцата подоцна развијат мултипла склероза, тоа би значело дека одговорноста лежи исклучиво во генетската предиспозиција, пишува The Conversation.

Анализирани се податоците за 2,5 милиони жители на Шведска

Научниците анализираа податоци од 2,5 милиони луѓе во Шведска. Нешто помалку од 6.000 од нив развиле МС по 20-годишна возраст. Откриле дека мононуклеозата на возраст од 11 до 19 години била поврзана со значително зголемен ризик од МС по 20-годишна возраст. Највисок ризик за МС е забележан кај инфекции со мононуклеоза на возраст од 11 до 15 години (приближно во пубертет), при што ризикот се намалува со возраста и исчезнува речиси целосно до 25-годишна возраст.

Експертите веруваат дека мононуклеозата за време на адолесценцијата може да го стимулира развојот на МС, бидејќи може да навлезе во мозокот и да ги оштети нервните клетки. Имунолошкиот систем потоа напаѓа дел од нервите, односно се развива автоимуна болест која пак го оштетува нервниот систем и може да биде поттикнувач за појава на МС.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе