Македонија

„Монструм“ почнува од почеток, одлучија врховните судии

24. ноември 2017 - 15:37 | Макфакс

Врховните судии одлучија предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година да се врати во кривичниот суд. Неофицијално, „за“ оваа одлука гласале сите пет судии.

„Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда по предметот Вкж2 бр.3/2016, познат во јавноста како „Монструм“, со која жалбите на одбраната се уважени, а првостепената и второстепената пресуда се укинати и предметот е вратен на првостепениот суд на повторно одлучување“, објави Врховниот суд.

Претходно обвинителката Лилјана Спасовска, која го водеше случајот побара постапката да се врати од почеток поради пропусти при водењето на истрагата, поврзани со вештачењето, како и прислушуваните материјали кои ги има СЈО. Во овој случај на доживотен затвор беа осудени шест лица под обвинение за тероризам.

Коментирај