Мората: Никогаш не требаше да го напуштам Јувентус

Шпанскиот напаѓач изјави дека жали што го напуштил Јувентус и дека му недостига живеењето во Италија. Тој имаше и критики за времето поминато во Реал Мадрид, каде бил третиран „како дете“.

Алваро Мората помина две сезони во Јувентус, со кој освои две домашни титули и еднаш стигна до финалето на Лигата на шампионите, пред Реал Мадрид да го врати назад во своите редови со клаузулата која беше пропишана во неговиот договор.

Од Мадрид летово тој се пресели во Челзи, во трансфер вреден 60 милиони фунти, но Мората вели дека сѐ уште му недостасува Торино и играњето за Јувентус.

„Во Реал Мадрид ме третираа како дете, иако повеќе не бев дете. Кога заминав првиот пат бев млад и незрел, но кога се вратив веќе бев формиран како играч, но тие не ме третираа така“, изјави Мората.

„Никогаш не требаше да си заминам од Јувентус. Жена ми сака да живее во Шпанија, но јас сакам да живеам во Италија“, продолжи тој.

Мората рече и дека ја доживува Серија А како најтешка лига за напаѓачите, поради тактичката спремност на дефанзивците и тренерите.

„Во Шпанија доминира техниката, а во Италија тактичката спремност. Во Англија најважно е да си физички подготвен. Најтешка лига е Серија А поради организираноста на тимовите и големиот број добри дефанзивци“, заврши Мората.

Мората многупати отворено кажа дека го одбрал тимот на Челзи поради Антонио Конте, со кого има добра соработка во Челзи, иако на почетокот на сезоната не беше сметан како играч од првата постава.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе