
Трансферот на Алваро Мората од Милан во Галатасарај е договорен и останува само играчот да ги комплетира лекарските прегледи.
Напаѓачот дојде во Милан ова лето како крунисан европски шампион. Се очекуваше тој да го предводи нападот на „Росонерите“, но очигледно е дека раководството, а можеби и новиот тренер Сержиу Консејсаун, не беа задоволни.
Сезонава има шест гола и две асистенции на 25 натпревари. Мората оди во Истанбул на позајмица до крајот на сезоната, со опција за продолжување на уште една година. Вклучена е и клаузула за потенцијален откуп.
Ова ќе биде четврта земја за Морати во која настапува по Шпанија (Реал и Атлетико), Италија (Јувентус, Милан) и Англија (Челси).