Морати и Аузилио со спротивни ставови околу трансферот на Лаутаро

Поранешниот претседател на Интер смета дека не смее да се држи со сила играч доколку тој веќе се гледа во друг тим, додека спортскиот директор има различно гледање на работите.

Со сѐ поголемите шпекулации за преселбата на Лаутаро Мартинес во дресот на Браселона, со коментар се јави Масимо Морати, чие мислење е многу ценето во црно-синиот свет.

„Не може да држите некој кој наумил да биде на некое друго место. Тоа би го ставило во положба да остане безволно, или во друг случај, со поинаков мотив“, вели Морати за Sportmediaset.

Со тој став не се согласува спортскиот директор Пјеро Аузилио според кого Аргентинецот потпишал договор и евентуален трансфер може да се случи единствено според наведените услови.

„Има само еден начин според кој Мартинес би го напуштил Интер, а тоа е со плаќање на клаузулата. Клаузула која веќе сите ја знаат, нема потреба да ја криеме, и според која сите рокови и обврски се многу прецизно дефинирани. Тоа е клаузула која истекува на почетокот од јули така што нема многу време. И тоа е единствениот начин кој денес може Лаутаро да го однесе надвор од Интер“, вели Аузилио за Sky Italia.

Клаузулата за која зборува Аузилио гласи дека секој клуб што сака да го откупи договорот на Лаутаро без согласност на Интер треба да искешира 111 милиони евра во касата на клубот од Милано и тоа најдоцна до почетокот на јули. Потоа оваа клаузула престанува да важи и трансфер би бил можен единствено со преговори.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе