Кошарка

Морис со топка го удри противникот по глава и заработи исклучување

8. октомври 2019 - 10:07 | М.С.

Маркус Морис дебитираше за Њуjорк Никс во подготвителниот натпревар против Вашингтон Визардс кои победија со 104:99.

На стартот на второто полувреме, Џастин Андерсон го чуваше Морис, кога тој во афект одлучи да го удри со топка по глава. Веднаш е исклучен од натпреварот.

Морис неодамна изјави дека новите засилувања ќе донесат цврстина на „старите“ Никс.

Меѓутоа, потегот кој го направи може да го чини исклучување од натпреварот против Сан Антонио Спарс.

„Реакцијата беше претерана. Не сакав да бидам исклучен. Постојат поинакви начини на кои можев да реагирам.“, изјави Морис.

Коментирај