Објавени се снимки од внатрешноста на рускиот авион што се запали на аеродромот Шереметјево во Русија, при што загинаа најмалку 41 лице.
Снимките од изгорениот SJ-100 покажуваат дека огнот ја зафатил целата „опашка“ на авионот и дека попатно стопил и уништил сѐ.
Авионот на Аэрофлот со број на лет SU 1492, што полета од Москва кон Мурманск, се врати на аеродромот помалку од половина час по полетувањето, откако бил пријавен итен случај.
Вистински херој: Стјуард се жртвуваше за патниците во запалениот руски авион
При слетувањето авионот удри од пистата и се запали. Уште не е позната точната причина за несреќата.
Поради несреќата, прогласена е тридневна жалост.