Морничава снимка од земјотресот во Јапонија
Јапонскиот остров Хокаидо вчера беше погоден од моќен земјотрес кој беше забележан од безбедносните камери на аеродромот и локалните продавници. Три милиони семејства останаа без струја.
Земјотресот е со јачина од 6.7 степени и од неговата разорна моќ се урнати згради. Има повредени и исчезнати, а поради лизгање на земјиштето многу куќи се буквално проголтани под земја, а во нив има луѓе кои се заробени внатре.
Премиерот Шинзо Абе изјави дека е формиран центар за менаџирање со кризната ситуација и се прави сè за да се спасат животите на луѓето.