Морничави остатоци од напуштени хотели низ Југославија
Хрватскиот фотограф Филип Молчан во овој серијал како тема ги зел хотелите од поранешна Југославија кои биле уништени или напуштени за време на и по војните кои резултираа со растурање на некогашната заедничка татковина.
Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) постоела сè до 1991 кога четири од шесте републики што ја формирале целосно се отцепиле - Словенија, Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина.
Овие фотографии служат како морничав потсетник за она што остана од хотелите низ Југославија кои некогаш биле полни со гости, живот и радост.