Морничави снимки од силниот земјотрес што ја погоди Венецуела
Северниот брег на Венецуела вчера беше погоден од силен земјотрес кој се почувствува и во јужниот дел на Карибите. Станува збор за земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот е забележан од многубројни безбедносни камери, а снимките прикажуваат морничави моменти од силното тресење и паниката меѓу луѓето. Сè уште нема информација за штети или човечки жртви, но има повредени откако се урнал трговски центар во Кумана. Во одредени делови луѓето се евакуирани, а исто така е објавено предупредување за цунами.