Moscow Times: Путин испрати платеници да го штитат Мадуро

Москва, 29 јануари 2019 (МИА) – Рускиот весник на англиски јазик The Moscow Тimes, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Русија испратила платеници во Венецуела да го чуваат претседателот Николас Мадуро.

Весникот тврди дека во Венецуела минатата недела се испратени платеници кои изведуваат тајни мисии за Русија од Украина до Сирија. Кремљ ги негира наводите.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков првично изјави дека нема такви информации, а еден ден подоцна на прашање дали е вистина дека „400 руски борци го штитат Мадуро“, одговори – „Секако дека не“.

Според дел од западните медиуми, платениците кои наводно пристигнале во Венецуела се поврзани со злогласната руска група Вагнер, која дејствува во Украина и во Сирија, но и во некои африкански држави.

Нивната цел е да го заштитат Мадуро од приврзаниците на опозицијата во редовите на венецуелската полиција и војска.

Според други неименувани извори во Венецуела се испратени помал број руски платеници, но тие во Каракас пристигнале пред претседателските избори во 2018 година, кои за опозицијата и дел од меѓународната заедница се наместени и нелегитимни.

Според јавно достапните информации, последните неколку недели повеќе руски државни авиони, патнички Иљушин, но и товарни авиони Антонов слетале во Венецуела или во соседните држави. Авионот во сопственост на Кремљ, Иљушин-96 на 23 јануари слетал во главниот град на Куба, Хавана. Авионот полетал од Москва, но слетал во Сенегал, па продолжил за Парагвај за на крај да слета во Хавана.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Свет

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Read more

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more
 

Вести

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе