Свет

Москва: Дојава за бомби, итна евакуација на 10.000 луѓе

13. септември 2017 - 17:00 | Макфакс

Повеќе од 10.000 луѓе биле евакуирани од трговски центри, железнички станици и универзитети во Москва, следејќи речиси истовремени предупредувања за поставени експлозиви во градот, пренесува „Раша тудеј“.

„Дваесет локации се евакуирани и повеќе од 10.000 луѓе се извадени надвор“, соопштија службите за итни акции, пренесе агенцијата ТАС.

„Се работи за случај на телефонски тероризам, ние мора да ја провериме веродостојноста на пораките“, соопштил извор на истрагата, кој оценил дека повиците започнале во исто време и продолжиле кога почнала евакуацијата.

Меѓу локациите што се евакуирани се три од најголемите железнички станици во Москва, повеќе од десетина трговски центри и најмалку еден универзитет.

Во тек е истрага дали повиците се лажни или сепак постои опасност за терористички напад, додава „Раша тудеј“.

 

Коментирај