Москва го анализира предложениот мировен план на Италија

Русија доби мировен план од Италија за Украина и го проучува, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко.

„Неодамна го добивме. Во моментов го анализираме“, рече тој, истакнувајќи дека планот досега не бил разговаран меѓу Русија и Италија.

„Кога ќе ја завршиме анализата, ќе го соопштиме нашиот став“, додаде Руденко.

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо изјави во петокот дека неговата земја предложила на ОН формирање „меѓународна група за посредување“ за да се обиде да постигне „чекор по чекор“ прекин на огнот во Украина.

Според Ди Мајо, „групата за посредување“ предложена од ОН „треба да се обиде да го врати дијалогот меѓу двете земји, кои моментално се во војна“.

Деталите за планот не се објавени, но според италијанскиот весник La Repubblica, прилично деталниот документ презентиран во ОН и составен од дипломати од италијанското Министерство за надворешни работи предвидува 4 фази:

– Прекин на огнот во Украина и демилитаризација на фронтот под покровителство на ОН;

– Преговори за статусот на Украина за влез во Европската Унија, но не и во НАТО;

– Билатерален договор меѓу Украина и Русија за Крим и Донбас (овие спорни територии добиваат целосна автономија со правни гаранции за нивната безбедност, но остануваат под суверенитет на Украина);

– Склучен мултилатерален договор за мир и безбедност во Европа, насочен особено кон разоружување, контрола на вооружувањето и спречување конфликти.

Шефот на рускиот преговарачки тим Владимир Медински вчера изјави дека Русија е подготвена да ги продолжи мировните преговори со Украина.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе