Москва: Русите ги претставија „Тајфун“ и „Терминатор“

На Црвениот плоштад во Москва традиционална се одржа воена парада по повод Денот на победата.

Путин во обраќање го честиташе Денот на победата, денот на гордоста и тагата.

„Тоа е ден на нашата безгранична благодарност на чуварите на нашата татковина, кои го победија нацизмот. Тие војуваа, се трудеа, минаа натчовечки искушенија, дадоа сè што можеа и ја освоија победата“, истакна Путин.

Годинава ниту еден странски политичар не присуствуваше на Парадата. Минатата година на воената парада присуствуваа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Рускиот претседател упати повик за соработка со другите земји, особено кога станува збор за тероризмот. Парадата започна со дефиле на воените единци, а потоа следеше парада на единици на механизирана колона. Прв помина симболот на победата, тенкот Т-34. На чело на колоната од современа техника на Оружените сили на Русија се наоѓаше повеќенаменското оклопно возило „Тајфун 4h4“ и „Тигар – М“.

Во составот на нова генерација тешки борбени возила се најде и модернизираниот транспортер BTR-82A. Низ Плоштадот поминаа и тенковите Т-14 Armata, главниот борбен тенк T-72V3 и „Терминатор“, возило за логистика.

Тука беа и ракетните системи S-400 Триумф.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе