Мота ќе добие отказ, на неговото место доаѓа Манчини

Макфакс/Кајгана
/ 23.03.2025 / 10:09

Тиаго Мота ќе добие отказ од Јувентус, а неговото место, барем до крајот на сезоната, ќе го заземе Роберто Манчини.

La Gazzetta dello Sport денеска открива дека натпреварот против Џеноа наредниот викенд најверојатно ќе биде последен за Мота на клупата на Јувентус. Очигледно тешките порази од Аталанта и Фиорентина беа доволни клупските челници да го сменат Мота. Во исто време CalcioMercato, повикувајќи се на свои извори, пишува дека на играчите не им е јасно како Мота сè уште е во клубот, по поразите од Аталанта и Фиорентина.

Роберто Манчини е избор на челниците на „Старата дама“, тренер кој најголемите успеси ги постигна на клупата на најголемиот ривал Интер. Манчини го водеше Интер во два наврата, од 2004 до 2008 година, кога беше далеку поуспешен, освојувајќи 3 скудета, додека во периодот од 2014 до 2016 година не освои ниту еден трофеј.

Тој во 2012 година ја освои и титулата во Премиер лигата со Манчестер Сити, пет години беше селектор на Италија, а и на Саудиска Арабија, но таа функција ја напушти есента, по година и половина.

Италијанските медиуми откриваат и дека Манчини се согласил во договорот да има клаузула, дека ќе го продолжи договорот доколку Јувентус заврши во топ 4, односно избори пласман во Лигата на шампионите.

Јувентус моментално е петти на табелата со 52 бода, пред него е Болоња со 53.

реклама

Два хороскопски знака секогаш се радуваат на туѓата среќа

Read more

Отстранете ги црните дамки од вашата пегла со предмет што веројатно го имате дома

Read more

Лесен и освежителен десерт: Ролат од јагоди и кокос што се топи в уста

Read more

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Read more

Фудбал

Телевизијата на Реал пред финалето со Барса удри по судијата Бенгоечеа

Read more

Руни сè уште бара истрага за мечот со кој Сити стана шампион во 2012

Read more

Барселона без Левандовски и Балде во финалето против Реал

Read more

Шченсни отворено за цигарите: Ја изгубив битката, не следете го мојот пример

Read more
 

Спорт

Телевизијата на Реал пред финалето со Барса удри по судијата Бенгоечеа

Читај повеќе

Дрес на Коби Брајант продаден за 7 милиони долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Руни сè уште бара истрага за мечот со кој Сити стана шампион во 2012

Читај повеќе

Барселона без Левандовски и Балде во финалето против Реал

Читај повеќе

Шченсни отворено за цигарите: Ја изгубив битката, не следете го мојот пример

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ не можеше сам, Денвер замрзна на минус 34

Читај повеќе

ТиЏеј Шортс одбил 2,5 милиони евра од Барселона

Читај повеќе

Цибона сака да ја напушти АБА лигата

Читај повеќе

Атлетиката го пресели Вардар од Националната арена

Читај повеќе