Во неделата во 19:20 часот на регионалниот пат Маврово - Галичник се случила сообраќајна незгода во која 45-годишниот З.Ж. од Скопје, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, излетал од патот.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицински центар Гостивар е префрлен и задржан на лекување во Ургентен центар Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.