Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Прилеп

26. мај 2019 - 10:55 | МИА

На 25.05.2019 година во 16,35 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата „Иво Лола Рибар“ се случила сообраќајка меѓу патничко моторно возило „БМВ“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Љ.Н.(23) од с.Десово-Долнени и мотоцикл „Кавасаки-500“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.З.(51) од Прилеп.

Возачот на мотоциклот бил пренесен во Градската Болница-Прилеп каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

Коментирај