Од МВР соопштуваат дека на магистралниот пат Ресен-Битола, вчера околу 14 часот, на место викано Дервен се случила сообраќајна незгода во која А.Б. (36) од Битола управувајќи моторцикл „сузуки“ со битолски регистерски таблици излетал од патот.
Тој во незгодата се здобил со тешки телесни повреди по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката Болница во Битола каде што од страна на лекар била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Ресен.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.