Хроника

Моторциклист од Тетово го загуби животот во сообраќајна несреќа

13. октомври 2018 - 12:11 | МИА

Скопје, 13 октомври 2018 (МИА) - На 12.10.2018 година околу 16 часот на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило Citroen Cruiser со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.Ч. (61) од Скопје и моторцикл Ducati со тетовски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(32) од Тетово.

Во незгодата се тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и сопатникот Н.Д.(31) од Тетово. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.

Околу 17:30 часот Г.Д. им подлегнал на повредите, додека Н.Д. е задржана на лекување и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Коментирај