Живот

Моторџии изведоа емотивен хака танц во чест на жртвите во Нов Зеланд

20. март 2019 - 15:27 | Б.С.Б.

На 15 март светот беше шокиран од терористичкиот напад во две џамии во Крајстчерч, Нов Зеланд, при што загинаа 50 луѓе, додека 50 се повредени. Милиони луѓе ширум светот им оддадоа поддршка на настраданите во нападот, осудувајќи ги свирепите убиства.

Меѓу нив се и членовите на мото клубот Мангу Каха Аотеароа, како и членови на локална озогласена банда, кои со трогателен хака танц им оддадоа почит на жртвите во Нов Зеланд.

Коментирај