Motorola Defy почнува нова ера за издржливи мобилни телефони

За да вдахне живот во новата класа уреди, Motorola соработуваше со групацијата Bullit, глобален лидер со голем број наградувани издржливи телефони, со цел да создаде телефон кој лесно може да одговори на сите предизвици со кои се соочуваме секој ден, и во градот и за време на бројни авантури во природа.

Motorola Defy ги носи сите заштитни карактеристики што им се потребни на корисниците без да се загрозат перформансите, напојувањето или траењето на батеријата.

Смартфонот дополнително ја рефлектира мисијата на Motorola да им даде значителна иновација на клиентите. Новиот телефон е темелно тестиран за да може да ги издржи сите непријатни ситуации со кои може да се соочи. Отпорен е на вода, има сертификат IP68 и може да биде потопен во вода до длабочина од 1,5 метри за 35 минути благодарение на специјалното куќиште со двојна заштита.

Motorola Defy може да издржи пад од висина до 1,8 метри и е сертифициран во согласност со воените стандарди MILSPEC 810H по тестирање за издржливост во екстремни услови, тестови на вибрации и пад.

Околу 34 проценти од сопствениците на телефони го расипале или оштетиле својот паметен телефон, па затоа клучен е фактот дека Motorola Defy носи сеопфатна заштита. Од паѓање од покрив на автомобил, паѓање од џеб, истурање кафе или оставање на сонце, овој издржлив телефон ќе преживее сè, без разлика каде ве води патот.

Во свет во кој хигиената никогаш не била поважна од денес, добро е да се знае дека одличната издржливост на Motorola Defy ви овозможува да го миете исто толку често колку и рацете.

Снимајте поизострени, посветли фотографии во сите услови на осветлување со сензорот 48MP f / 1.8 со технологија Quad Pixel. Благодарение на неговата способност да прави идеални фотографии и од изгрејсонце, и од зајдисонце, камера на Defy се издвојува од сè што може да понуди конкуренцијата во оваа категорија. Можете да им се восхитувате на вашите фотографии на 6,5-инчниот HD + дисплеј кој го штити Corning Gorilla Glass Victus.

Плус, никогаш повеќе нема да пропуштите ниту еден важен момент со оглед на фактот дека батеријата трае два дена по само едно полнење благодарение на големиот капацитет од 5.000 mAh и полнењето TurboPower.

Ова е телефон за секој што се спротивставува на секојдневните предизвици и бара телефон што е во состојба да го стори истото.

Motorola Defy е достапен во следниве бои - Forged Green и Black, со елегантен дизајн што го олеснува држењето.

Спецификации на Motorola Defy:
  • отпорност на вода до длабочина од 1,5 м за 35 минути, куќиште со двојна заштита, - отпорност на песок, прашина и нечистотија, влажност и солена магла - сертифициран IP68
  • воен стандард на заштита, MIL-SPEC 810H отпорност на екстремни температури, вибрации и паѓање
  • тестиран за континуирано паѓање од висина до 1,8 м на челик, високо квалитетен приврзок за заштита од пад
  • може да се измие со сапуни и благи средства за дезинфекција
  • моќна незаменлива батерија од 5000 mAh, полнење 20W TurboPower, UUSB Type C, порти отпорни на вода, траење на батеријата до два дена
  • 6,5-инчен HD + дисплеј кој го штити 0,7 mm Corning Gorilla Glass Victus, може да се користи со влажни прсти
  • Android 10 (со надградба на Android 11 наесен во 2021 година)
  • 4 GB RAM, 64 GB внатрешна меморија, внатрешна меморија што може да се прошири со помош на microSD картичка
  • 8-јадрен процесор на Qualcomm SD662 2GHz
  • Главен сензор 48MP f / 1.8 + длабочина од 2MP + макро 2MP, предна камера од 8MP –
  • Програмски функции со режимот Push to Talk (PTT)
  • Bluetooth 5.0, NFC
  • 3,5 мм приклучок за слушалки (водоотпорен)
  • Двојна SIM - Нано SIM + microSD
  • 2 години гаранција
  • поддршка за Android Enterprise
  • безбедносни ажурирања за 2 години
  • Поддршка за Zero-touch.
Тагови
реклама

Шоферски дилеми: Дали смеете да прескокнувате брзини?

Read more

Никој не сака да работи како сточар, иако платите се и до 50.000 денари

Read more

Зошто Германците ќе ги климатизираат патиштата?

Read more

За ова гледаме Олимпијада: Со договор, две злата за скок во височина

Read more

Мобилни

Претставени Huawei P50 и P50 Pro

Read more

Motorola ги претстави Edge 20, Edge 20 Pro и Edge 20 Lite

Read more

Рендерите го открија изгледот на Motorola Edge 20, Edge 20 Pro и Edge 20 Lite

Read more

Што ново ќе донесат Samsung Galaxy Z Flip 3 и Z Fold 3?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Дали новиот телескоп на НАСА ќе ја реши мистеријата за темната енергија?

Читај повеќе

Климатска криза пред 325 милиони години ги истребила праисториските ајкули

Читај повеќе

Што се случува со пчелите ако внесат кофеин?

Читај повеќе

Климатските промени ќе предизвикуваат уште поекстремни временски услови

Читај повеќе

Дали ќе ги спасиме северните бели носорози од истребување?

Читај повеќе

За два дена, на Гренланд се стопи доволно мраз за да ја потопи Флорида

Читај повеќе

Sony продаде повеќе од 10 милиони конзоли PlayStation 5

Читај повеќе

Претставени Huawei P50 и P50 Pro

Читај повеќе

Рускиот модул Наука ја дестабилизираше Меѓународната вселенска станица

Читај повеќе