Motorola ги претстави новите мобилни од серијата Moto G

Motorola официјално ги претстави најновите модели од својата серија на паметни телефони Moto G, односно G55 и G35.

Овие два уреда ги делат повеќето спецификации и дизајн, но G55 нуди оптичка стабилизација на сликата за главната камера, помоќен процесор Dimensity 7025 и полнење од 30 W.

Moto G55 има 6,5 инчен IPS LCD екран со FHD+ резолуција и брзина на освежување од 120 Hz, додека резолуцијата на моделот G35 е иста, но има поголем екран од 6,72 инчи. Двата уредА ја добија истата предна камера од 16 MP сместена во отворот во форма на дупка на екранот. Исто така, користат главни камери од 50 MP, со тоа што кај G55 таа камера има и оптичка стабилизација на сликата. Исто така, и двете имаат ултра широки камери од 8 MP.

Moto G55 се напојува со процесор Dimensity 7025 поврзан со 4, 8 или 12 GB RAM и 128 или 256 GB внатрешна меморија, додека G35 доби Unisoc T760 процесор во комбинација со 4 GB RAM и 128 или 256 GB внатрешна меморија. Двата уредА поддржуваат microSD картички до 1 TB. Исто така, тие се напојуваат од батерии со капацитет од 5.000 mA⋅h, со тоа што батеријата кај моделот G55 поддржува полнење од 33W, а кај моделот G35 полнење од 18W.

Мобилните телефони користат оперативен систем Android 14 со интерфејсот Hello на Motorola, имаат странично поставени сензори за отпечатоци, 3,5 мм приклучоци за слушалки и стерео звучници со Dolby Atmos технологија.

Moto G55 доаѓа во Twilight виолетова боја (веганска кожа), Smoky зелена (веганска кожа) и Forest сива боја, а цената во Европа е 249 евра за основниот модел.

Moto G35 е достапен во Leaf зелена боја (веганска кожа), Guava црвена гуава и Midnight црна, а за основниот модел треба да потрошите 199 евра.

Тагови
реклама

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Кливленд шокатно испадна, пирови 44 поени на Јокиќ

Read more

Мобилни

Што ја „цица“ батеријата на вашиот телефон?

Read more

Новиот Samsung Galaxy S25 Edge е тенок само 5,8 мм

Read more

Apple за 20-годишнината планира футуристички iPhone направен од стакло

Read more

Два фактора ќе го разликуваат преклопливиот iPhone од конкурентите

Read more
 

Гик

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе

Што ја „цица“ батеријата на вашиот телефон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Авантуристичката игрица Marvel 1943: Rise of Hydra одложена за 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

DJI го претставува дронот Mavic 4 Pro со подобри камери и поголем дострел

Читај повеќе

Првиот OLED гејминг монитор со 500 Hz во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новиот Samsung Galaxy S25 Edge е тенок само 5,8 мм

Читај повеќе

Универзумот ќе исчезне порано отколку што се мислеше

Читај повеќе

Неочекуван проблем: Ветроелектраните си крадат ветер една на друга

Читај повеќе