Motorola P30: Клон на iPhone X во боите на Huawei

Motorola произведе смартфон кој изгледа како клон на iPhone X кој го претстави во боите на моделот Huawei P20. И кога велиме клон, мислиме на идентичен изглед на задниот дел од телефонот со мала измена – наместо логото на Apple на овој телефон стои логото на Motorola и служи како сензор за отпечатоци.

Huawei ја нарекува оваа боја „twilight“ – виолетова боја која под различно светло се претвора во сина. Motorola ја „позајми“ оваа идеја и ја нарече бојата „Aurora“. Со комбинирање на изгледот на iPhone X и бојата на Huawei P20, Motorola P30 го спојува најдоброто од двата света, иако некои би го нарекле овој потег „плагијаторство“.

Motorola P30 би можел да биде истиот телефон кој се појави низ неколку неофицијални фотографии низ социјалните мрежи, кој беше наречен Motorola One Power. Како и да е, тој има 6GB RAM, Snapdragon 636 процесор и 3.000 mAh батерија.

Тој доби оперативен систем Android 8.0 Oreo со вграден Lenovo ZUI 4.0 интерфејс. Огромниот 6,2-инчен екран со резолуција од 2246 х 1080 пиксели одлично се надополнува со 12-мегапикселната камера на предниот дел, како и двете камери на задниот дел од 16 и 5 мегапиксели, последователно.

Предниот дел од телефонот има notch идентичен како оној на iPhone X, иако оној на телефонот на Apple е малку поширок. Маската е целосно стаклена и има можност за препознавање на лица.

Motorola P30 пристигнува во септември, најпрво на кинескиот пазар, а ќе чини од 303 до 360 долари, во зависност од тоа дали ќе ја одберете верзијата од 64GB или 128GB внатрешна меморија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Мобилни

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Read more

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Read more

Xiaomi Civi 4 Pro е првиот смартфон со Snapdragon 8s Gen3 процесор

Read more

Како да си ги вратите фотографиите што случајно сте ги избришале од телефонот?

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе