Софтвер

Можат ли алгоритмите да погодат која песна ќе стане хит?

19. септември 2019 - 12:45 | Кајгана

Американски студенти развија модел на машинско учење кој речиси и да не промашува кога треба да одреди дали некоја песна ќе биде успешна или не.

Двајца студенти од Универзитетот Сан Франциско одлучија да откријат зошто некои песни стануваат хитови, а други не, иако се многу слични.

Податоците собрани од стриминг сервисот Spotify ги уфрлиле во четири модели на машинско учење за да предидат дали некоја песна ќе стане хит или нема. Сакале да дознаат дали постојат карактеристики кои се заеднички за повеќето успешни песни.

Се фокусирале на карактеристиките како темпото, тоналитетот, дали песната звучи позитивно или негативно, дали може на неа да се танцува, колку е гласна… а во обработката на податоците користеле логистичка регресија, архитектурата Random Forest и неурални мрежи.

Резултатите до кои дошле се тестирале со помош на Билбордовата топ листа Hot 100. Еден од моделите на машинското учење (Support Vector Machine)  можел да ги погоди хитовите со прецизност од 99,53%. Останатите модели биле помалку успешни, но сепак биле прилично прецизни - над 85%.

Коментирај