Можат ли кучињата да намирисаат COVID-19?

Кучињата се чини дека откриваат инфекција со коронавирусот со неверојатна точност, но потребни се дополнителни студии за подобро разбирање на оваа способност.

Низ целиот свет се обучуваат кучиња за откривање на заразени со COVID-19, а нивните обучувачи тврдат дека кучињата постигнуваат одлични резултати - во некои случаи тие велат дека кучињата можат да го откријат вирусот со скоро совршена точност. Научниците тврдат дека кучињата можат да помогнат во контролата на пандемијата, бидејќи можат да скенираат сто луѓе на прометни места како што се аеродроми или спортски стадиони за еден час. Покрај тоа, ова е поевтино од конвенционалните методи на тестирање, како што се PCR-тестовите.

Но, повеќето од овие наоди сè уште не се рецензирани и тоа ѝ отежнува на пошироката научна заедница во напорите да ги процени овие тврдења. Истражувачите кои работат на поконвенционални тестови за вируси велат дека првичните резултати на групи кучиња се „интригантни и ветувачки“. Сепак, некои се прашуваат дали процесот може да се подигне на ниво што ќе им овозможи на животните да постигнат позначителен успех и влијание во борбата против пандемијата.

Групите кои работат со кучињата се состанаа на 3 ноември за да разменат прелиминарни резултати и да ја подобрат координацијата.

„Никој не вели дека кучињата можат да ги заменат PCR-тестовите, но резултатите се ветувачки“, рече ветеринарниот невролог Холгерфолк од Универзитетот за ветеринарна медицина во Хановер, Германија, кој исто така проучува како кучињата можат да намирисаат заболени со COVID-19.

Кои се досегашните сознанија?

Носот на кучето содржи 300 милиони рецептори за мирис, додека кај луѓето тој број е 5 или 6 милиони. Ова е она што им овозможува на кучињата да детектираат ситни концентрации на мирис што луѓето не можат да ги детектираат. Познато е дека кучињата откриваат огнено оружје, експлозиви и дрога на аеродромите. Научниците обучиле и кучиња за откривање на некои видови рак и маларија, но животните не се користат рутински за оваа намена.

Истражувачите не знаат со сигурност што намирисуваат кучињата, но тие претпоставуваат дека овие болести предизвикуваат човечкото тело да испушти посебна комбинација на испарливи органски соединенија (VOC). Овие молекули лесно испаруваат создавајќи мирис што кучињата можат да го детектираат. Претходната работа со вируси сугерира дека вирусните инфекции исто така можат да предизвикаат такви процеси во телото.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, многу научници обучиле кучиња да душкаат примероци, а потоа да седнат или да гребат со шепите на подот доколку откријат инфекција. На тестовите на аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, Финска и Либан, се користат кучиња за откривање на COVID-19 меѓу патниците. Кучињата ги душкаат патниците, по што се подложени на вообичаените тестови.

Според податоците, кучињата во Финска и Либан идентификувале случаи неколку дена пред рутинските тестови да го регистрираат вирусот, што укажува на тоа дека кучињата можат да забележат инфекција пред да се појават симптомите, пишува Nature.

Ријад Саркис, хирург и истражувач на Универзитетот Сент Џозеф во Бејрут, е дел од француско-либански проект кој обучуваше 18 кучиња. Саркис ги искористи двете најдобри кучиња на аеродромот во Либан. Кучињата испитале 1.680 патници и откриле 158 случаи на ковид, кои исто така биле потврдени со PCR-тестови. Според податоците што уште не се објавени официјално, животните правилно идентификувале негативни резултати со 100% точност и правилно откриле 92% од позитивните случаи.

„Многу е прецизно, изводливо, евтино и може да се повторува“, вели Саркис.

Посиромашните земји со ограничен лабораториски простор би можеле особено да имаат корист од овој пристап, вели Изабела Екерле, вирусолог од Универзитетската болница во Женева во Швајцарија.

Големина на примерокот

Сепак, има само една објавена статија во која се зборува за ефективноста на кучињата да намирисаат корона. Станува збор за кучиња од студијата на Волф, кои тој ја опишува како „пилот-студија“. Истражувачите обучиле осум кучиња на примероци земени од устата и душникот на седум лица хоспитализирани со корона и седум неинфицирани лица. Кучињата идентификуваа 83% од позитивните и 96% од негативните случаи.

Критичарите велат дека германското истражување со кучиња користело примероци од премалку пациенти. Кучињата би можеле да научат да го препознаваат специфичниот мирис на примероците, а не COVID-19, вели Синтија Ото, која раководи со Центарот за работни кучиња Пен Вет на Универзитетот во Пенсилванија во Филаделфија.

Таа во својот труд навела дека кучињата можат да разликуваат примероци на урина или пот од луѓето со ковид од оние кај кои не е дијагностицирана болеста.

Групите мораат да ја зголемат големината на примерокот пред пошироката научна заедница да процени колку би можеле да бидат корисни кучињата, рече Џејмс Логан, истражувач на заразни болести во Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, кој тренира и проучува кучиња кои се обидуваат да надушкаат COVID-19.

„Важно е да не излегувате премногу рано со големи барања и мали групи на податоци“, додаде тој.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе