Може да бидат отровни: Како да спречите про'ртување на компирите?

Ако компирот има само мали никулци и е сè уште цврст, можете да ги отстраните никулците и да ги отсечете сите меки точки и да го јадете остатокот.

Но, идеалните услови за складирање можат да направат овој популарен зеленчук да трае многу подолго.

Не треба да јадете про'ртени компири бидејќи тоа значи дека тие создале природни токсини.

„Компирите про'ртуваат кога се изложени на топла средина, на температура од околу 20°C или повисока“, вели регистрираниот нутриционист Рахаф Ал Бочи, сопственик на Olive Tree Nutrition и портпарол на Академијата за исхрана и диететика.

„Про'ртениот компир може да биде отровен ако се консумира“, вели тој и додава дека ако компирот има само мали никулци и е сè уште цврст, можете да ги отстраните никулците и да ги отсечете сите меки точки и да го јадете остатокот.

Но, идеалните услови за складирање можат да направат овој популарен зеленчук да трае многу подолго, пренесува Simply Recipes.

1. Чувајте ги компирите подалеку од топлина и светлина: бидејќи светлината, топлината и влагата можат да го забрзаат 'ртењето, најдобро е да ги чувате компирите на ладно, суво и темно место. Добри опции се остава, чајна кујна или фиока, за разлика од шанк или прозорец каде што дневната светлина може да има влијание.

2. Чувајте го компирот во фрижидер: Новото истражување ги доведе во прашање долгогодишните препораки за складирање на храната, па можеби ќе сакате да размислите за чување на компирот во фрижидер.

„Иако експертите претходно советуваа да не се ставаат компирите во фрижидер, бидејќи се сметаше дека ниските температури ги зголемуваат шеќерите кои формираат акриламид, потенцијален канцероген во компирот, новото истражување покажува дека тоа едноставно не е точно“, вели Келси Куник, нутриционист и консултант за Zenmaster Wellness. Агенцијата за стандарди за храна во Велика Британија (FSA) вели дека чувањето на компирот во фрижидер е безбедно и може да го продолжи рокот на траење на компирот за 3 до 4 месеци.

3. Префрлете ги компирите од пластичната кеса: Компирите често доаѓаат во пластични кеси, кои не се идеални за складирање. Наместо тоа, заменете ја пластиката со хартиена кеса, мрежеста торба, дрвена гајба или корпа со отвори за вентилација. Пластичната кеса може да поттикне влага, што може да доведе до мувла.

4. Чувајте ги компирите одвоени од одредени овошја и зеленчуци: Исто така е важно во какво „друштво“ се чуваат компирите. Не чувајте ги во близина на јаболка, авокадо, домати или други видови производи кои ослободуваат етилен. Тоа е гас произведен од некои производи што може да предизвика чувствителното овошје и зеленчук побрзо да созреваат.

5. Отстранете ги про'ртените или расипани компири: Еден про'ртен компир може да влијае на останатите.

„Ако забележите дека еден компир се расипува, извадете го од купот бидејќи бактериите и мувлата лесно може да се пренесат на другите компири“, вели Куник.

Тагови
реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Read more

Живот

Како правилно се чистат екраните?

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Татковците се помалку под стрес од мајките

Read more

Болоња: Потценет туристички рај во кој ќе уживаат гастрономите

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Работи што е тешко да ги правиш додека трчаш

Читај повеќе

Како правилно се чистат екраните?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трикови за шминкање со Дејвид Бекам

Читај повеќе

Кои се најчести знаци на зголемена простата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Читај повеќе

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Читај повеќе

TikTok трик за гламурозна фризура без фенирање

Читај повеќе

Зошто годинава симптомите на алергија се полоши од вообичаено?

Читај повеќе

Дебелите момчиња често стануваат неплодни мажи, открива нова студија

Читај повеќе